Тесла повторно успеа да ги „зезне“ работите

Тесла, која беше на автопилот, удри во полициски автомобил во Флорида, САД.

Инцидентот се случил околу 5 часот наутро во саботата, 28 август, близу Орландо, откако полицаец застанал да помогне при дефект.

Наводно, службеникот, кој ги активирал светлата за итни случаи на неговото возило, бил удрен од Тесла, а во ударот било зафатено и возилото кое било дефект.

Дваесет и седумгодишниот возач на Тесла и возачот на расипаното возило се здобиле со полесни повреди, додека полицаецот за среќа не бил повреден.

На почетокот на овој месец, американската влада започна официјална истрага за автопилот системот на Тесла, по серијата други судири со паркирани возила.