Тест дали мажот ѝ обрнува внимание на жената (виц)
Мажот и жената седат дома и пијат кафе. По некое време сопругата го прашува мажот:
– Не ли забележуваш нешто необично кај мене денес?
Сопругот внимателно погледнува и вели:
– Имаш нова фризура?
– Не!
– Нова сукња?
– Не!
– Да не ти е роденден случајно?
– Не!
– Ааа, ми текна, денеска е годишнина од нашта свадба?
– Не бе идиот! Само сакав да проверам дали ми обрнуваш внимание, па цело сабајле шетам со гас маска.