ТЕСТ: Дали можете да одговорите на овие училишни прашања, кои се лесни за децата, но предизвик за возрасните

Се сеќавате кога на час по Географија професорот ќе ви кажеше да излезете на табла и да ја покажете реката Дунав, или Јужна Америка? Денес сте возрасни и им помагате на вашите деца за домашните задачи, но мора да признаете дека сѐ уште има работи кои ве збунуваат, затоа што одамна излеговме од тие училишни клупи. Меѓутоа, љубовта кон Географијата се враќа кај секој што седи на стол покрај прозорецот и се обидува да погоди во кој град или земја лета авионот.

Затоа обидете се да дадете точен одговор на овие навидум лесни прашања и проверете ги вашите одговори на следната страна. И да, не гуглајте, ќе ве фати професорот…

1. Знамето на која земја нема нијанси на црвена, бела и сина?

2. Кое море нема брегови?

3. Именувајте земја во Западна Европа која нема главен град

4. Која европска земја нема постојани реки и езера?

5. Која е највисоката планина во светот во однос на центарот на Земјата?

6. Во која европска земја не може да ве каснат комарци?

7. Кој е најголемиот остров на Земјата?

8. Која земја има најмногу временски зони?

9. Што е Титикака?

10. Наведете ја земјата што произведува најмногу маслиново масло во Европа

11. Како се вика локалното население во Монако?

12. Главниот град на која држава има најдолго име?

13. Со кое национално знаме на европска земја најчесто се меша знамето на Индонезија?

14. Дали воздухот во циклоните на јужната хемисфера циркулира во насока на стрелките на часовникот или спротивно од стрелките на часовникот?

Одговорите се на втората страна!