ТЕСТ: Изберете го окото кое најмногу ви се допаѓа и откријте што ве попречува да бидете среќни

Работите што најмногу нè привлекуваат можат да кажат толку многу за нас. Нашата потсвест има многу мистериозна природа и колку побрзо ја разбереме, толку подобро ќе откриеме што е клучот да бидеме вистински среќни.

Брзо погледнете ја следната фотографија и изберете го окото што најмногу го привлекува вашето внимание. Ова е токму детаљот со кој потсвеста се обидува да ви пренесе одредена порака, односно што стои на патот до вашата целосна среќа.

Одговорите може да ги пронајдете веднаш под фотографијата.

Одговори:

Око бр. 1

Ако токму ова око го привлече вашето внимание, мора да престанете да се криете во вашата школка. Премногу сте затворени, што влијае на вас повеќе отколку што мислите. Ако сакате да дозволите некој во вашиот живот, сторете го тоа. Престанете да се потценувате.

Око бр. 2

Ако го одбравте второт око, тогаш криете нешто. Поминувате многу време обидувајќи се да им покажете на другите луѓе што ви пречи во благосостојбата. Вие сте способни за толку многу, но никогаш не си дозволувате да го покажете својот целосен потенцијал. Зошто си го правите ова на себе си? Од ваш најдобар интерес е да се ослободите и да постигнете многу работи кои ги посакувате.

Око бр. 3

Иако може да изгледа како малку здодевен избор, луѓето што најчесто го избираат ова око се токму оние кои  страдаат многу. Толку многу се случува во вашиот живот во моментов, при што самите вие не знаете како да се справите со сите тие емоции. Вашиот потсвесен ум сака да сфатите дека не сте сами. Постојат луѓе во вашиот живот на кои можете да се потпрете. Престанете да се обидувате сами сето да постигнете и прифатете ја потребната помош.

Око бр. 4

Ако чувствувате дека сте поврзани со ова око на некој начин, тогаш сте како оние луѓе кои градат ѕидови околу себе за да се заштитат. Се криете од остатокот на светот мислејќи дека тоа ќе ви помогне, но не сте во право. Треба да се опкружувате со луѓе со кои ќе создавате нови спомени. Да, нема да биде лесно, но можете да се справите со тоа. Престанете да се држите до минатото, овој пат погледнете во иднината.

Око бр. 5

Изборот на ова око сугерира дека треба да направите многу повеќе од другите. Вие сте од оние кои храбро чекорат напред без оглед на сè. Внимателно ги криете чувствата и правите најдобро што можете. Вие многу го цените вашиот живот, но понекогаш губите од вид навистина важни работи. Значи, секогаш се обидувате да ја завршите работата, но заборавате дека треба повремено да застанете и да уживате во моментот.

Око бр. 6

Ако ова око ве привлекува, тогаш сте подготвени на апсолутно сè за да ги израдувате луѓето околу вас. Им давате сè што имате, но никогаш не прашувате за возврат. Време е да сфатите дека понекогаш треба да кажете „не“ и да постапувате поинаку. Не треба да се обидувате да бидете блиски со оние кои не сакаат да бидат во ваша близина.