Тест: сликата што прво ја гледате може да открие скриени страни на вашиот карактер

Сликите се одличен начин за психолозите да дознаат нешто повеќе за вашата потсвест. Најчесто тоа зависи од она што прво ќе забележите кога гледате илустрација. Овој психолошки тест ќе ви ги открие вашите несвесни стравови и што е тоа што ги предизвикува.
Ние секогаш уживаме во овие видови тестови, меѓутоа, не треба да ги сфаќате премногу сериозно, само забавувајте се со нив.

Што гледате прво на оваа слика?

1. Ако видовте мало девојче

Можеби имате стравови што се потиснати од вашето детство. Умот на детето е сведок на многу различни настани што можат да влијаат врз него. Меѓутоа, ако не се објаснети правилно, тие можат да се манифестираат во зрелоста на различен начин, како зависност, страв, несоодветни желби и когнитивни модели.

За вашиот емоционален развој, важна е врската со вашата мајка. Ако требало да поминувате премногу време далеку од мајка ви или не сте добиле доволно љубов кога сте биле дете, можно е да имате несвесни стравови. Ова може да влијае на способноста за донесување одлуки и преземање одговорност.

Ова исто така може да се случи додека сте бебиња, во перинаталната фаза, па дури и за време на породувањето или бременоста.

2. Ако видовте пеперутка

Пеперутката обично ја симболизира позитивноста. Сепак, има несвесно значење што доаѓа од малку потемно место. Вашиот несвесен страв може да се однесува на пропуштање шанси. Исто така, можеби сте ги потиснале емоциите на тага за луѓето што повеќе не се со вас.

3. Ако видовте малина

Во овој случај, малината на сликата е поставена во центарот и е поголема од вистинската големина на бобинката, а тоа е затоа што го претставува срцето. Тоа е симбол на љубовта.

Меѓутоа, ако прво ја видовте малина, ова значи дека одговорот на она што го барате е всушност во вашето срце. Вашиот несвесен страв доаѓа од отпор кон љубовта без да бидете свесни за тоа.

4. Ако видовте пајак

Еден од најчестите стравови меѓу луѓето е стравот од пајаци. Тоа всушност е механизам за преживување кој ни помогна да останеме претпазливи за малите опасности што не` опкружуваа. Меѓутоа, кога станува збор за симболите, пајакот покажува дека може да се плашите дека околината не е безбедна.

Секогаш ги проверувате деталите и скоро секогаш наоѓате нешто опасно. Ова ве спречува да ја видите убавината што ве опкружува и среќните моменти. Вие, најверојатно, премногу размислувате за секој ваш чекор.

5. Ако видовте дрвја

Дрвото е важен психолошки симбол. Всушност, се користи во психоаналитички тестови кои можат да ја оценат психата, обрнувајќи внимание на тоа каде на лист хартија лицето го црта дрвото. Меѓутоа, тука, бидејќи дрвото ги симболизира нашите корени, има подлабоко значење.

Дрвјата што формираат мост значат дека можеби имате внатрешен конфликт што се` уште не сте го решиле. Така, ова може да укаже на тоа дека имате страв да прифатите несвесна емоционална поделба. Вие го развивате вашиот идентитет околу сенката на отпор да се споите со себе.

6. Ако видовте мечиња

Повеќето од нас, кога бевме деца, наоѓавме утеха гушкајќи го плишаното мече. Тоа е како место откаде извираше топлина, безбедност и разбирање. Па затоа, мечето е пријател кој може да ве разбере безусловно.

Меѓутоа, на сликата, плишаните мечиња се малку извртени, и ако ги забележавте први, ова кажува нешто многу интересно за вас. Всушност, се плашите од тоа да бидете исплашени. Ова најверојатно се должи на несвесна траума што веројатно се случила во детството во време кога сте биле исплашени, но сте немале со што да се утешите.

7. Ако видовте череп

Черепот може да значи дека ви е тешко да донесувате одлуки, особено ако се соочувате со важни прашања. Ова може да се должи на ниската самодоверба, не верувате доволно во себе за да го направите следниот чекор.

Вашиот проблем со самодовербата може да биде затоа што никогаш не сте биле ценети од вашите родители или блиски пријатели за вашите достигнувања и се чувствувавте како никогаш да не сте доволно добри.