Тестот за болка со усна хармоника изгледа брутален и смешен истовремено, но не би сакале да пробаме
Ако сакате да бидете глупави, мора да бидете силни, особено кога ги тестирате нивоата на болка со помош на усна хармоника.
Луѓето прават глупави работи со своите пријатели за да се смеат уште од почетокот на човештвото. Меѓутоа, во светот по шоуто „Jackass“ тоа е нешто сосема нормално, а да не ги спомнуваме корисниците на социјалните мрежи што тоа го прават за внимание и слава.
Понекогаш, наједноставните шеги и акробации се најдобри. На пример, двајца момци кои ја тестираат својата толеранција за болка со усна хармоника како мерка.
Луис (@perfectionpearson) неодамна сподели клип на TikTok од него и неговиот зет како го прават тестот за болка со усна хармоника. Во суштина, тие добиваат удари со неколку работи и колку е поболно, толку помузикална ќе биде нивната реакција.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.