Тетовчани позитивни на Ковид-19, но си правеле свадба-Твитерџиите реагираат
Во Тетово се правело свадба иако младоженецот, невестата и целата фамилија биле позитивни на Ковид-19.
Наводно, младоженецот и невестата пред свадбата примиле инфузија за да се освежат, а се вели дека братот на младоженецот кој исто така бил позитивен, веднаш по свадбата заминал на одмор. Ништо од ова немало да се дознае доколку младоженецот не завршил на инфективно одделение со пневмонија.
Твитерџиите имаа што да кажат за оваа ситуација.





