Тетовирани лица на жени од Мун: Приказната зад болниот ритуал кој наскоро ќе изумре
Чин, ретко населен планински регион во северозападниот дел на Мјанмар кој се протега долж границата со Индија е дом на племето Муун. Со години затворени за посетители, тие неодамна решија да ги пречекаат посетителите кои со интерес се распрашуваат за традиционалните обичаи на едно изолирано племе.
Една од очигледните особености е тетовирањето на лицето, обичај што жените Мун го практикувале уште од античко време. Според легендата, се започнало кога решиле да си ги покријат лицата и вратот со мастило за да се заштитат од кралот кој сакал да ги направи свои робови.
Со текот на времето, тетоважите на лицето станале симбол на убавината и традицијата, но модерните генерации се противеле на болното разубавување. Во минатото, оние жени кои се плашеле да се тетовираат, нивните мајки ги затворале во свињарник каде што биле додека не се предомислат и не попуштат.
Меѓу најубавите тетоважи се сметале оние кои го покривале целото лице со црна боја, а целиот процес бил исклучително болен, особено на тенката кожа на вратот. За тетовирање традиционално се користеле трње и мастило подготвени од мешавина од сало, крава жолчка, билки и саѓи.
Покрај тетоважите на лицата на жените од племето, тие често имале темни и лоши заби поради џвакање бетел ореви. Опасните јаткасти плодови дадени од палмата арека се џвакаат како каугум за да се подобри концентрацијата и издржливоста и да се отстрани заморот. Оревите создаваат голема зависност и исклучително штетни – расипани заби се само почеток на приказната бидејќи предизвикуваат многу болести, вклучително и рак.
Жените се препознатливи и по долгите лулиња кои речиси постојано ги пушат како и по дувачките инструменти кои се свират со носот, а не до устата.
Повеќето семејства од Мун имаат дрвен столб пред нивната куќа со јајце на врвот за кое веруваат дека носи среќа и ги брка злите духови.
Од 2011 година, тетоважите на лицето се забранети, а во следните неколку генерации жените со тетовирани лица би можеле засекогаш да исчезнат.