Тетово во духот на минатото: Изложба на олдтајмери од Македонија и Косово – од руска „Лада“ до германски „Фолксваген“

Плоштадот „Илирија“ во Тетово, овој викенд беше преполн со впечатливи класични автомобили. На изложбата на олдтајмери учествуваа не само локални сопственици туку и автомобилски клубови од Косово. Оваа прва манифестација од ваков вид во Тетово, како што истакна претседателот на „Ретроклуб Тетово“, има за цел да прерасне во традиционален годишен настан.

 

 

„Идејата да ја организираме оваа изложба произлезе од нашата љубов кон старите автомобили кои ги наследивме од родителите и нашето учество на собири низ повеќе градови. Така се роди желбата да основаме свој клуб во Тетово“, објасни Исмаил Зејнели.

 

 

Посебен интерес привлече најстариот автомобил на изложбата – „Фиат Балила“ од 1932 година, кој за првпат беше прикажан во Македонија и е целосно функционален. Овој автомобил, исто така, бил користен во првата македонска комедија „Тивко лето“. Меѓу изложените возила беа и руската „Лада“ и познатата германска „Буба“, кои ги претставија Назми и Насер од Синичане.

 

 

„Ова е „Лада“ од 1979 година, ја купив пред два месеци. Со малку волја и љубов кон старите автомобили, лесно се постигнува целта“, рече Насер Исмаили.

 

 

„Станува збор за „Буба Волксваген“ од 1972 година, германско производство. Автомобилот е стар 52 години, со оригинални делови, освен обновениот мотор. Го имам три години и планирам да го чувам уште долго,“ изјави Назми Ибиши.

Настанот привлече бројни посетители и гости од Косово, а наредната година се планира да се одржи за време на летните манифестации во чест на иселениците. Денешната изложба беше поддржана од општина Тетово.

  • Zdravko напиша:

    Plostad ilirija hahahahahhahaa !!!!

  • Васе напиша:

    Не викнале никој од Албанија, каде е општо познато дека има највеќе стари Мерцедеси (но во одлична состојба) во светот по глава на жител!!!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *