Ти на неа партал еден! Жената што се омажи за кукла од партали тврди дека маж ѝ повторно ја изневерил оставајќи ја толку вознемирена што му го отстранила пенисот

Наместо во лудница овие луѓе во 2023 година завршуваат на насловни страници. Така и жената која се омажи со кукла од партали и од тогаш очигледно глава не може да крене. Па ако нешто друго добро изнасмејте се на оваа работа затоа што ако не се смееме, тогаш најверојатно ќе паднеме во депресија за тоа во какво време живееме.

 

Меиривоне Роша Мораес, од Бразил, стана добро позната во текот на изминатите неколку години по споделувањето на критиките за нејзината врска со неживиот предмет.

По наводното изневерување, 37-годишната девојка вели дека маж ѝ сега спие на софата, а таа дури и му го одзела „пенисот“.

Таа рече: „Дознав кога една вечер мојот пријател ми испрати порака дека ме изневерува. Така таа вечер ми се слоши и го натерав да спие на каучот“

 

И како негова казна, Меиривоне решила да му го откачи пенисот на Марсело.

Таа додаде: „Тоа е само бело гумено дилдо,околу 16 см. Затоа решив да го тргнам. Сум правела и порано. Се плашам дека другите жени ќе го допрат пенисот на Марсело, па сакам да го ставам во фиоката за долна облека кога одиме во барови или ревии. Тогаш, нема шанси други жени да копнеат по него“.

Среќа што го направила тоа затоа што инаку жените ќе се истепале сигурно.

 

Марсело ја изневерувал Меиривоне во минатото.

Таа рече: „Последниот пат најдов танга во светло розова боја на подот. Дознав дека Марсело бил со друга жена, но кога ги прашав чии се тие, тој не ми одговори“. Навистина чудно како не одговорил…

 

„Марсело е непослушен, трча по други жени, а потоа ме лаже дека ништо не се случува“.

Таа исто така тврди дека куклата од партал има преку 500 контакти на неговиот WhatsApp, од кои сите се жени.

Таа додаде: „Постојано го фаќам во разговор со девојка, а кога ќе прашам која е, тој се обидува да каже дека е негова братучетка“. Аман бе Марсело брат, научи подобри фори тоа „братучетка ми е“ е веќе старо.

Засега Марсело продолжува да спие на софата и сѐ уште не си го вратил пенисот. Ама еве барем му дозволила да се напие нешто да се опушти човекот. Поздрав Марсело и памет за друг пат.

 

 

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *