„Ти си најкул куче!“ Урнебесен момент, кога пријателски настроен златен ретривер тера крадец да си играат, пред тој да го украде скапиот велосипед од 1300 долари на неговиот сопственик

Полицијата во Сан Диего сподели видео од бизарен инциден,  во кој провалник застанува една минута за да го погали златниот ретривер пред да го украде електричниот велосипед на неговиот сопственик од 1.300 долари.

 

 

На видеото може да се види како човекот влегува во осветлена и отворена гаража пред да се обиде скришум да го земе скапиот велосипед – но пред да го направи тоа, тој бил запрен од кучето на сопственикот.

 

 

На видеото се гледа како крадецот го тркала велосипедот назад во гаражата, го става на држачот и почнува да го гали кучето по стомакот, додека му кажува: „Ти си најкул куче!“
Убавиот момент не го одвратил измамникот, кој брзо се вратил и тргнал со велосипедот.
Полициската управа во Сан Диего, поручникот Брајан Брехт ја опиша ситуацијата како „многу уникатна“.

Инцидентот се случил околу 22.40 часот на 15 јули на улицата Дајмонд во областа Пацифик Бич во Сан Диего.

Криминалецот алудирал и на кражбата, велејќи му на кучето: „Каде е татко ти? Татко ти не треба да ја остави вратата од гаражата отворена”.
Потоа го земал велосипедот и се качил на него. Откако застанал, гледал околу десет секунди, па кучето почнало да трча по провалникот и го напуштило видното поле на камерата.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *