Ти треба ли помош? Неверојатниот момент во кој орангутан се обидува да му помогне на човек кој ја чисти реката

Мајмунот кој живее во заштитено шумско подрачје во Борнео, ја испружи својата рака за да му помогне на човек кој изгледа заглавен во калливата река во потрага по змии. Човекот ја чистел реката во живеалиштето на мајмуните од змии. Анил Прабахар, од Индонезија е фотографот, аматер, кој ги направил фотографиите откако го разнежнила глетката додека бил на сафари со своите пријатели.

Г-дин Прабахар подоцна открил дека човекот работел во фондацијата Borneo Orangutan Survival Foundation, непрофитна организација чија цел е заштита на загрозените видови. Како и да е, аматерскиот фотограф откри дека човекот ја одбил раката на орангутанот, бидејќи станува збор за диво животно. Сепак оваа „диво животно“ покажа многу човечност со неговото однесување.