Тие се кошаркарска сензација во Америка и изгледаат „совршено идентично”: Погледнете како изгледа секојдневието на згодните убавици Кавиндер

22-годишните спортски суперѕвезди Хана и Хејли Кавиндер ги открија некои од нивните тајни за да останат во таква феноменална форма – бидејќи документираа сè што јаделе во еден ден и ги открија нивните техники за тренинг што ги користат кога одат во теретана.

 

 

Близначките Кавиндер, по потекло од Индијана, неодамна направија „бум” и на теренот и надвор од него – заработија повеќе од 4,5 милиони следбеници на нивниот заеднички профил на „TikTok” со споделување на многуте гламурозни поволности што ги добиваат како успешни ѕвезди на NCAA.

 

 

Рутината за вежбање на близначките:

* Екстензии за секоја нога поединечно 10 повторувања по нога

Четири серии
* Чучнувања – четири до шест повторувања
Три сета
* Сумо чучнувања на машината Смит – од шест до осум повторувања
* Удари во положба „маса” – осум до 10 повторувања по нога
Три сета
* Пулсирања во сумо сквот
* Вежбање раце со јаже- осум до 10 повторувања


Дневната исхрана на близначките:

Рано утро: 5 литри вода, високопротеински овес со боровинки и путер од јаткасти плодови и енергетски пијалок
Појадок: Црно ладно кафе со сируп и половина кифла со путер од кикирики
Ужина после теретана: Половина кифла со белки од јајце и колбас
Ручек: интегрален сендвич со пилешко на скара, грчки јогурт, прелив од авокадо
Попладневна ужина: Салата од лубеница со халапенос, фета сирење, прелив од зелена салата и балсамико и протеински сладолед направен со млеко без лактоза прелиено со овошје и путер од кикирики.

 

 

Во јуни 2021 година, кога NCAA официјално почна да им дозволува на своите спортисти да заработуваат од нивното име и имиџ  – тие станаа првите спортистки на колеџ што склучиле договор за бренд, потпишувајќи со „Boost Mobile” за неколку минути.

Оттогаш, тие добија повеќе од 40 спонзорства со компании како „Champs Sports”, нутриционистичкиот бренд „Six Star”, линијата за атлетски обувки и облека „Eastbay” и финансиската компанија „SoFi”, меѓу другите – заработувајќи им 1,7 милиони долари од јули 2022 година, според „Форбс”.

Тие, исто така, ко-основаа сопствена компанија за облека, наречена „Baseline Team”, и започнаа подкаст, наречен „Twin Talk”.

Претходно оваа година, сестрите објавија дека ја завршуваат својата колеџ кошаркарска кариера за да се фокусираат на други потфати, и покрај тоа што беа поканети да играат за Мајами уште една година.

  • Ljube напиша:

    Ubavici????? Koj vo motika e operiran od estetika?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *