Тие значат толку многу: Моќни реченици што сакаме да ги слушнеме повеќе од „Те сакам“

Иако изјавата „Те сакам“ изгледа како најмоќната реченица во светот и онаа што сите сакаме да ја слушнеме како потврда за љубов, сепак се чини дека има некои реченици што повеќе би сакале да ги слушнеме.Изјавата „Те сакам“ ни дава надеж дека имаме место во нечие срце, дека сме важни во неговиот живот. Обично тоа е фраза што ја користиме на почетокот на врската, а со неа изразуваме љубов кон нечие однесување, изглед, сите добри, помалку добри, совршени, но и несовршени ситници што ја сочинуваат личноста.

Сакаме да нè сакаат, но уште повеќе сакаме кога љубовта се покажува преку одредени примери. Затоа, многу повеќе од самата фраза, има и некои други изјави кои покажуваат дека за успешна врска е потребно многу повеќе од љубов. Ова се моќни изјави кои во одредени моменти сакаме да ги слушаме повеќе и од „те сакам“.

1. Ќе ти простам

  • Ќе ти простам за несовесно изговорените зборови по напорниот работен ден
  • Ќе ти простам на сите оние ситуации во кои не бевме ни свесни дека се повредуваме едни со други
  • Ќе ти простам големи и мали работи

2. Ќе се жртвувам за тебе

  • Ќе го жртвувам моето време за нешто што ти сакаш да го правиш
  • Ќе останам со тебе додека ти се грижиш за нашето бебе иако треба да одам на работа наутро
  • Ќе направам нешто убаво за тебе затоа што имаш настинка

3. Ќе те почитувам

  • Ќе те почитувам за сè што си
  • Ќе ги почитувам твоите чувства, мислење, поглед на светот, личност
  • Ќе ги почитувам твоите соништа и желби

4. Ќе те поддржам

  • Јас секогаш ќе ти го чувам грбот
  • Можеш да сметаш на мене и ќе се погрижам да имаш се што ти треба
  • Кога ќе паднеш, ќе ти помогнам да станеш

5. Јас ќе те заштитам

  • Јас ќе ја заштитам нашата љубов
  • Ќе не заштитам од оние кои не ни мислат добро
  • Јас ќе бидам твое прибежиште, безбедно прибежиште
  • Ќе бидам некој на кој секогаш може да му веруваш

6. Јас секогаш ќе бидам среќен/а што си со мене

И, додека во идеален свет, сите овие изјави треба да доаѓаат во комплет со љубов, токму поради недостаток на почит, благодарност и прошка, на крајот сепак не остануваме со луѓето во кои сме вљубени. Повеќето од нас завршуваат со луѓе што ни простуваат, кои не поддржуваат, кои не креваат кога ќе паднеме и кои се многу повеќе од само „Те сакам“.