Тигар продолжува да патува над 1.300 километри со надеж дека ќе си најде „сродна душа“

Најчесто луѓето се оние кои патуваат за да се најдат или да ја најдат љубовта на нивниот живот, но сепак еден тигар од Индија ја смени играта.

Запознајте се со Ц1: тигар, стар 2,5 години кој ја има направено најголемата прошетка низ Индија која е досега евидентирана. Тој за само 5 месеци поминал 1.300 километри.

Откако го напуштил својот дом во засолништето за животински свет во западната држава Махараштра во јуни годинава опремено со јака на која има локатор, тигарот се прошетал низ две индиски држави. Научниците веруваат дека тој тргнал на далечен пат за да бара женка за парење.

Сепак можно е тоа да го прави за подобри услови за лов и територија. И покрај тоа што поминал низ фарми, автопати и реки Ц1 само еднаш „случајно“ повредил една личност. Во неговите патувања тигарот не се движел на линеарен начин.

Во текот на пет месеци, Ц1 поминал низ Махараштра и соседната држава Телангана. Само неодамна, тој беше забележан во друго засолниште за животински свет во Махараштра. Според следење на сателитски GPS, тој е снимен на повеќе од 5.000 локации во изминатите девет месеци.

Поради долгото патување батеријата на неговиот локатор наскоро ќе се испразни и тигарот повеќе нема да е нашиот радар. Но властите сакаат да го фатат за да не залута на места населени со луѓе.