Тинејџери упаднаа на погреб откако првин ограбиле продавница
Отец Кристофер Хануе, од црквата Свето дете Исус на Квинс, бил при крај со службата за погребот на 79-годишна жена. Ниту тој ниту присутното семејство на жената не се надевале дека млади разбојници ќе им влетаат за време на последното збогување.
Момчињата ги бркал човек кој што бил во продавницата која тие ја ограбиле. Додека семејството го носело ковчегот на починатата кон излезот, човекот и момчињата жестоко се расправале. Полицијата била повикана, но во меѓувреме момчињата избегале.