Тинејџер доживувал епилептичен напад и дошла полицијата и го уапсила

16-годишник почнал да доживува епилептичен напад додека бил со својата мајка и сестра во ресторан за брза храна во Калифорнија.

Тој се онесвестил во тоалетот, а неговата мајка, Лурде Понс ѝ рекла на својата ќерка да се јави на 911 (број на кој одговараат сите итни служби во САД).

Девојчето се јавило и им објаснило дека нејзиниот брат има епилептичен напад и семејството чекало амбулантно возило. Наместо тоа во ресторанот пристигнало полициско возило и полицајците почнале да го апсат момчето додека сѐ уште го доживувало нападот. Преплашената мајка почнала да ги моли објаснувајќи им дека освен што има епилепсија нејзиниот син е исто така аутистичен.

Сепак полицајците не сакале да ја слушаат и кога кутрото момче почнало да повраќа од страв тие го турнале на земја за да му стават лисици. Лурде во себе ја носела документацијата за состојбата на нејзиниот син затоа што токму тој ден пред да одат во ресторанот биле на лекар. Дури тогаш полицајците го оставиле момчето и тоа ја добило потребната лекарска помош.

Наместо извинување наскоро полицијата ја посетила болницата каде што момчето било сместено за да му дадат „потврда за ослободување“ што значело дека нема да биде уапсен.

По грешката полицијата на Фресно дала изјава: „Овој случај во моментов е под управен преглед. Прегледот ќе вклучува испитување на сите информации што се однесуваат на контакт на службеникот, вклучително и камери прикачени за службениците.“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!