Тинејџер останал заглавен во снежните планини на Јута 30 часа и благодарение на вештините и среќата успеал да се спаси

Планинарењето е една од оние измамнички лесни активности каде што луѓето мислат: „Што е толку тешко да шетате низ дивината подолг временски период?“ Треба да се обидете да ја разберете вистинската борба.

Освен што можат прилично да ве болат нозете постои и факторот на непредвидливо време што може драстично да се промени и да направи недоволно подготвените планинари да бидат заглавени со часови, ако не и со денови.

Ова е токму она што се случи со Николас Стејси-Алкантара, 17-годишен тинејџер од Фресно, Калифорнија, кој отиде на спонтано планинарење низ Кањонот Милкрик источно од Солт Лејк Сити, Јута. Младиот авантурист спакувал неколку сендвичи и шише со вода и до кањонот отишол со такси. Како и да е, планинското време набргу му возвратило и пред да успее да се подготви за нешто такво почнале обилни снежни врнежи и бура.

На крајот мозрал да застане, а немал ниту сигнал на мобилниот телефон. Неговите нозе почнале да замрзнуваат. Тој решил да реагира додека сѐ уште може и изградил пештера во снегот. Иако немал сигнал на мобилниот одлучил да закаже аларм на секој половина час за да му остане телото будно.

Неговиот пријател наскоро се загрижил откако не дошол на вечера и повикал полиција. Николас не губел надеж и се обидувал со сите сили да остане свесен. По 30 часа на планината во суровите услови Николас бил пронајден од група планинари, кои имале сателитски телефон. Момчето веднаш било пренесено во болница.

Таму биле лекувани неговите смрзнатини и нема потешки повреди. Со оглед на ситуацијата, експертите велат дека имал тенки шанси за опстанок, но среќата била на негова страна. Ова е добра поука дека не е препорачливо сами да планинарите, секогаш треба да ја знаете патеката и временските услови, да кажете на луѓето каде одите и со себе да ги носите основните работи за преживување (навигација, прва помош, осветлување, храна и вода).