Тинејџер сакал да научи да вози, но поради „мала забуна“ неговото возило се претвори во подморница

Повеќето луѓе прават грешки кога учат да возат, но еден тинејџер направи „малку поголема“ грешка од останатите и за малку тоа можело да го чини неговиот живот и животот на неговиот татко. 19-годишно момче почнало да полага возачки испит, но сакало да вежба и неговиот татко се понудил да му помогне.

Мора да признаеме дека ова е честа пракса на родителите и во тој момент тие не размислуваат дека за разлика од инструкторот тие не можат така лесно да добијат контрола врз возилото доколку нешто тргне по лош пат.

Епа токму тоа и се случило. Тинејџерот сакал да закочи кога се доближил до крстосница, но по грешка наместо кочница го притиснал педалот за гас. За среќа успеал да ги избегне возачите пред него, но затоа не успеал да ја избегне и реката. Таткото и синот се нурнале со автомобилот во реката, „летајќи“ 6 метри.

За среќа и таткото и синот се здобиле со мали и несериозни повреди и на фотографија по несреќата може да се види како и двајцата стојат во водата до гради. Сепак нивната „пракса“ не поминала неказнето. Синот добил казна од 200 евра и 15 дена административна каза за возење без возачка дозвола. Неговиот татко исто така ќе добие казна затоа што дозволил неговиот син да управува со возилото.

Најверојатно таткото повеќе нема ни да помисли да му го даде автомобилот на синот…