Тинејџерка од Тексас предупредува зошто не треба да ги грицкаме ноктите, откако за малку ќе останела без прст

Голем дел од нас ја имаат оваа лоша навика на грицкање на ноктите и дефинитивно секој би сакал да се ослободи од неа. Сепак оваа девојка била приморана да го направи тоа откако за малку ќе ѝ го ампутирале прстот.

18-годишната Лорен Николс имала навика да си ги грицка ноктите. По грозоморната инфекција која ја натерала речиси да отстрани дел од прстот, тинејџерката се „предомислила“ во врска со навиката и ги предупредува другите луѓе да го сторат истото на време.

Лорен, студентка на колеџ во Тексас ја сподели својата приказна на социјалните мрежи. „За сите мои колеги гризачи на нокти, запрете веднаш со тоа што го правите. Скоро морав да го ампутирам врвот на прстот затоа што ги гризнам ноктите.“, вели таа.

Инфекцијата започнала во јануари кога на кутикулата на прстот на девојката се појавила „зелена точка“. Следниот ден Лорен отишла кај лекарите каде и била дијагностицирана паронихија, инфекција на кожата која се јавува околу ноктите и е предизвикана од иритација или повреда. Потоа и биле препишани антибиотици за инфекција.

Сепак препишаните лекови не ѝ помогнале и девојката решила да направи нешто глупаво. Таа ја пукнала зелената точка на кутикулата и тоа само ја влошило ситуацијата.

„Лекарот ми кажа дека тој ги ампутира врвовите на прстите на пациентите затоа што инфекцијата станува премногу лоша и дека имам среќа што дојдов на време. Бидејќи ми се случи ова престанав да ги грицкам ноктите, затоа што не сакам пак да поминувам низ истото. Направив TikTok да ги едуцирам луѓето да не ги гризат ноктите затоа што може да има сериозни последици.“, вели Лорен.

Лорен направила и операција за да се ослободи од инфекцијата и сега е во добра состојба. Тинејџерката исто така рече дека оттогаш купила коцка за прсти, за да биде „зафатена“ и да не мисли на грицкање на ноктите.