Тинејџерка случајно запознала девојче кое изгледа исто како неа, за да открие две тајни одеднаш

16-годишната тинејџерка Набила Аз-Захра од Гова, во индонезиската провинција Јужен Сулавеси била на инстаграм, кога решила да ги провери барањата за праќање пораки од луѓето кои не ги следи. Одеднаш забележала необична порака од девојче кое изгледа потполно исто како неа.

Набила првин помислила дека некој ѝ ги украл фотографиите и направил лажен профил, но наскоро работите почнале да се отплеткуваат.

Девојчето Надја ѝ пишало на Набила: „Зарем не мислиш дека многу си личиме?“ Набила сакала веднаш да го види девојчето за да се осигура дека не лаже и откако пуштиле камера на другата страна имало личност која била потполно иста како неа. Двете девојчиња не можеле да си поверуваат и долго време разговарале за своите животи.

Тие имале иста висина, тежина, секојдневни навики, хоби и ист ден на раѓање. Тогаш Надја ѝ сугерирала на Набила дека сличностите се преголеми во секоја смисла на зборот и бидејќи таа знаела дека е посвоена ѝ предложила на Набила да разговара со нејзините родители.

Тогаш родителите на Набила ѝ признале дека е посвоена, но и откриле и уште една шокантна вест. Тие ѝ кажале дека всушност не се две сестри близначки туку три. Да, таму некаде има уште едно девојче кое е потполно исто со Набила и Надја.

Тинејџерката вели дека не очекувала такви шокантни вести, но е благодарна на нејзиното семејство кое ѝ пружило сѐ во животот и среќна е што сега има сестра со која ќе сподели многу работи, а девојчињата сакаат да ја пронајдат и третата сестра.