Тинејџер кој го продал својот бубрег за iPhone сега не може да стане од креветот
Ванг Шангкун имал 17 години кога решил да го продаде виталниот орган на црниот пазар во замена за приближно еквивалент на 3.200 американски долари.
Тинејџерот, чие семејство живеело во една од најсиромашните провинции во Кина, сакал да купи iPad 2, но немал доволно пари за да си го дозволи уредот. Додека бил на Интернет, еден ден добил порака од собирач на органи во онлајн чет, кој му рекол дека ќе му даде 20.000 јуани (3.000 долари), доколку го продаде органот.

Ванг признал дека бил подложен на на незаконска операција во централната провинција Хунан за да му го отстранат десниот бубрег и да му го предадат на непознат примател. Операцијата, наводно, ја извршиле двајца лекари кои исто така биле вработени во локалните болници.
Во тоа време тинејџерот се запрашал: „Што ќе ми е втор бубрег? Еден е доволен.“, а по продажбата тој ги искористи парите за да купи iPad 2 и iPhone 4. Кога се вратил дома и неговата мајка ги видела направите веднаш се посомневала и го присилила да признае.

„Кога син ми се врати дома имаше лаптоп компјутер и телефон на Епл. Го прашав од каде му се сите пари за тоа. Кога веќе не можеше да го задржи тоа во себе, конечно ни раскажа. Тој рече: „Мамо, го продадов бубрегот.” Кога ми го кажа тоа, се чувствував како да се распаѓа небото врз нашето семејство.“, вели мајката на Ванг.
Биле уапсени девет лица вклучени во операцијата, од кои пет беа обвинети за намерна повреда и трговија со органи. Меѓу обвинетите се хирургот, брокерот, лицето кое ја изнајмило операционата сала и оние кои имале задача да ловат донатори преку интернет-просториите за разговор.

Ванг е сега во своите 20-ти години и има инфекција и на преостанатиот бубрег а која се смета дека е предизвикана од нехигиенската локација на операцијата и недостатокот на пост-оперативна нега што не му била укажана.
Неговата состојба е толку сериозна, што тој не може да стане од кревет. Шангкун сега мора да оди на дијализа секој ден за да ја исчисти крвта од токсините со кои преостанатиот бубрег повеќе не може да се справи.

Откако биле уапсени оние кои биле вклучени во операцијата, на семејството на Шангкун, наводно, му била доделена отштета од околу 300 000 американски долари.
