Тинејџер забележал 11-годишно момче како плаче во автобусот и откако ја дознал вистината одлучил да му ги даде своите пари

Првиот ден во ново училиште може да биде многу страшен за некои деца. Дури и најсамоуверените ученици се нервозни размислуваат за тоа кои ќе бидат нивните нови соученици и дали ќе бидат пријатели или не. Да се оди на училиште може да биде проблематично ако треба да се потпрете на јавниот превоз. Тоа беше проблемот на 11-годишно момче, чиј прв ден на часови не помина како што било планирано.

Том О’Брајан (15) се враќал дома од училиште во Ливерпул, Англија. Тој прашал група помлади момчиња, кои биле во автобусот, како им поминал нивниот прв ден во новото училиште. Еден од тие момци со кои разговарал бил и Алекс Фурлонг, кој имал стресен, но возбудлив ден. Том, кој бил со неговите двајца пријатели, Хари Кембел и Дилан Робсон, во автобусот, тогаш го забележал 11-годишното момче како плаче. Кога го прашал што се случува момчето му кажало дека се качило во погрешен автобус. Момчето било свесно дека се движи подалеку и подалеку од дома и не знае како да се врати назад.

Том и неговите пријатели веднаш се симанле, заедно со момчето на следната станица. Таму, тие повикале такси за момчето, чекале со него додека да дојде такси превозот па дури и Том го платил превозот. За среќа таксистот сакал да го пофали Том за гестот и наредниот ден му ги оставил парите во неговото училиште. „Мојата вера во хуманоста беше обновена денес малку“. Алекс го набудувал постарото момче, Том, во акција и отишол директно дома за да ѝ каже на мајка си за херојот што штотуку го запознал во автобусот.

Неговата мајка, Рут Фурлонг, била толку импресионирана од гестот на Том и приказната ја споделила на социјалните мрежи. Сестрата на Том, Кејти ја видела објавата и ги известила сите дека станува збор за нејзиниот помал брат.