Тинејџерка „претприемач“ ќе добие 20.000 долари затоа што објавила слика од чипс

Доритос доделува 20.000 долари на тинејџерка која открила надуена верзија на типично рамниот тортилја чипс. Ова е само затоа што девојката одлучила да го стави на аукција.

Рајли Стјуарт, која живее во Голд Коуст, Австралија, стана вирална на „ТикТок“ на почетокот на оваа недела благодарение на видеото во кое го откри уникатниот Дорито и се посомневала дали има некаква вредност.

Клипот има собрано повеќе од 4,3 милиони прегледи и додека 13-годишната девојка првично расправаше дали треба да го изеде „издуваниот Дорито“, таа на крајот реши да види колку вреди со ставање на eBay по почетна цена од 0,99 долари плус 6,20 долари поштарина.

Како што се испостави, луѓето навистина најдоа вредност во Дорито бидејќи понудите брзо се искачија до 100.000 долари. Сепак од Доритос одлучија да ја наградат Рајли, а Доритосот е симнат од аукција. Главниот директор за маркетинг, Вандита Пандеј, изјави дека брендот „сакал да ја следи“ приказната на Рајли во врска со парчето чипс.

Доритос објави дека ќе и даде на Рајли 20.000 долари за нејзиното откритие, а Пандеј објасни: „Ние бевме толку импресионирани од смелоста и деловниот дух на Рајли, па затоа сакавме да се осигураме дека семејството Стјуарт е наградено за нивната креативност и љубов кон Доритос“.

Рајли призна дека „врескала“ кога видела дека списокот на еБај се искачил на 10 000 американски долари и откри дека нејзиниот татко се расправал дека чипсот навистина му припаѓал, бидејќи тој го купил.

Сепак, бидејќи Рајли го изела, верува дека чипсот дефинитивно ѝ припаѓа нејзе.