Тинејџеркта има неколку шокантни вести за својот татко (виц)

13-годишна тинејџерка му вели на татко си:
– Тато, нешто ме боли грлото!
– Од што?
– Мислам дека е од водката што ја пиев сношти…
– Ти пиеш?!
– Па да, излеговме со дечко ми…
– Имаш и дечко?!
– Е де, де, не ми е од вчера…
– И како изгледа?
– Пааа… 3-та средно е, има пирс на носот, малку е немирен, ама ќе отиде на разговор со педагогот на гимназијата и ќе се смири!
– Ооооо!
Таткото веќе е блед како крпа.
– Оф, и главата нешто ме боли, сигурно е од дискотеката…
– Си била и во дискотека???
– Па, да! Само тамо дозволуваат да се пуши трева…
– Ти пушиш трева?!!!
Таткото веќе е пред инфаркт…
– И мислам дека ти ја чукнавме колата!
– Твојот дечко ја возел мојата која?!
Таткото веќе се фаќа за срцето и легнува да умира.
Ќерката:
– Се зафркавам бе татичкооо! Сакав само да ти кажам, дека има многу пострашни нешта од еден ќец по математика…