Тинејџери од Индија создадоа мини-фрижидер без струја за спасување животи
Тројца тинејџери од Индор, Индија – Дхрув Чаудхари, Митран Ладханија и Мридул Џаин – развијаат иновативен мини-фрижидер, наречен Thermavault, кој не користи електрична енергија и е наменет за транспорт на лекови во оддалечени села без пристап до струја. Поттикнати од потешкотиите при дистрибуција на вакцини за COVID-19, особено бидејќи нивните родители работат во здравствениот сектор, тинејџерите се посветија на развојот на решение што може да спаси животи.
Thermavault доби признание со освојување на наградата Earth Prize, што им донесе 12.500 долари. Тимот ќе ги искористи средствата за изработка на 200 уреди и нивно тестирање во 120 болници.
Темелно истражување
Уредот функционира со користење на соли – бариум хидроксид октахидрат и амониум хлорид – кои при растворање создаваат ладење. По темелно истражување на 150 соли, тинејџерите се решија за овие две по совет од нивниот наставник, бидејќи овозможуваат стабилна температура потребна за складирање вакцини и органи за трансплантација.
Прототипот се состои од изолиран пластичен сад со внатрешен ѕид од бакар, каде се поставуваат лековите. Оладениот раствор се внесува меѓу ѕидовите, овозможувајќи температура од 10-12 часа, според д-р Притеш Вјаса, кој го тестирал уредот.
Уредот беше претставен пред глобалната алијанса за вакцини
Голема предност на Thermavault е можноста за повторна употреба на амониум хлоридот – солта може да се издвојува од растворот преку испарување и повторно да се користи.
Екипата планира да добие сертификати од СЗО и да го претстави уредот пред глобалната алијанса за вакцини GAVI. Нивната иновација е дел од натпреварот Earth Prize, отворен за еколошки проекти на тинејџери ширум светот. Тие веќе се победници за азискиот регион, а глобалниот победник ќе биде избран на 22 април.
Коментирај анонимно