Тинејџерка останала без заработка по 7 часа чување деца, затоа што родителите сметале дека дошла со „провокативна“ маичка
15-годишната Меј, тинејџерка од САД, сподели искуство на Reddit, каде побара совет поради спор со семејство за кое редовно чувала деца. Имено, семејството одбило да ѝ плати за последното чување, што траело 7 часа, под изговор дека носела „неприлична облека“.
Меј, која објавила скриншоти од разговорот со мајката Маријан, објаснила дека семејството било религиозно и поразлично од нејзиното, но досега секогаш имале коректен однос, па верувала дека станува збор за недоразбирање.
Содржина:
Причината? Маичка без ракави
Кога ѝ се јавила на Маријан, мајката на децата, таа ѝ одговорила дека немаат намера да ѝ платат бидејќи не се чувствувале „удобно“ со нејзината облека – поточно, со маичка без ракави. Меј објасни дека поголемиот дел од времето носела дуксер преку маичката и го соблекувала само кога девојчињата ја молеле да игра со нив.
Маичката, како што дознале интернет-корисници, била обичен Brandy Melville модел – Skylar Tank Top, на кој нема ништо експлицитно или провокативно.
Реакцијата на интернет – „Срамота е да не се плати за работа“
Редит заедницата експлодираше со поддршка за Мае: „Ако им сметала облеката, требало да ја опоменат пред да работи седум часа со нивните деца“, се вели во еден коментар. Тинејџерката се извини што ги навредила и понуди компромис со помала плата, но наместо разбирање, доби „втора шанса“ и уште пониска понуда. Многумина беа запрепастени од односот на семејството.
Наместо извинување – навреда и неплаќање
Иако Меј се извинила што направила да се чувствуваат непријатно, таа истакнала дека никогаш не било разговарано за кодекс за облекување, и не смета дека е фер да не ѝ платат по завршена работа.
Откако семејството не реагирало ниту на нејзиниот компромисен предлог да добие симболични 75 долари (од 150 долари за целиот ден), таа го послушала советот од корисниците на Reddit и замолила мајка ѝ да испрати официјален имејл. Ни тоа не донело резултат, па Меј сама испратила последна порака со барање да ѝ се исплати целосната сума, потенцирајќи дека не чувствува вина за ситуацијата.
Маријан, наместо да одговори деловно, ја нападнала: „Жал ми е што растеш во слика и прилика на мајка ти. Се молев да најдеш барем трошка нормалност.“ Потоа додала дека нема повеќе да ја вика да ги чува децата.
Семејството сепак на крај платило – но довербата е изгубена
Сепак, мажот на Маријан – таткото на децата – ѝ ги префрлил сите 150 долари. Меј потоа напишала:
„Не се чувствувам пријатно да се вратам во вашиот дом, имајќи го предвид начинот на кој ме третиравте, зборувавте за моите родители и се обидовте да ме искористите.“
Во подоцнежен апдејт, таа објасни дека мајка ѝ е Еврејка, а семејството што ја вработувало е католичко, со спротивставени политички и верски ставови, што можеби придонело за конфликтот.
Коментирај анонимно