Титаните на војната ‘рѓосуваат: Напуштени возила гниат по воените бази
Фотографот и фанатик на историјата Дмитриј Осадчи од Санкт Петербург патуваше низ мочуришта, шуми и пустини во повеќе од 50 земји за да стигне до внимателно чувани места што јавноста обично никогаш не ги гледа.
38-годишниот маж користи дрон за да ги сними своите воздушни фотографии и го обиколи светот следејќи ги напуштените воени авиони и возила од родната Русија во ОАЕ, откако го купи својот прв дрон пред пет години. Иако изгледаат подготвени за акција овие возила се оставени на милост и немилост на природата и заборавени од човекот.

























