Титанобоа – најголемата змија во историјата: Три милиони години овој огромен влекач го држел целиот континент во ужас!

Повеќето луѓе имаат страв од змии – офидиофобија. Но ниедна модерна анаконда или питон не може да се спореди со титанобоа – џиновска змија долга 13 метри и тешка околу еден тон, најголемата змија позната во историјата.

Овој рептил се појавил по исчезнувањето на диносаурусите, пред околу 61,7 милиони години, во палеоценската епоха. Во тоа време, Земјата била значително потопла – просечната температура достигнувала околу 32°C, што ѝ овозможувало на змијата да биде активна преку целата година. Живеела на подрачјето на денешна Колумбија и се хранела претежно со риби, бидејќи цицачите сè уште не достигнале доволна големина за да бидат вреден плен. Иако модерните змии убиваат со задушување, титанобоа не користела таква техника.

 

Титанобоа - најголемата змија во историјата: Три милиони години овој огромен влекач го држел целиот континент во ужас!

Што бил нејзиниот плен и кои биле нејзините непријатели?

Титанобоата била речиси двапати подолга од денешните најдолги змии. Нејзиното постоење било потврдено преку пронајдени фосилизирани пршлени. На врвот на синџирот на исхрана, немала природни непријатели, освен, можеби, други поголеми примероци од нејзиниот вид. Но владеењето на оваа суперзмија траело релативно кратко – околу три милиони години, по што се појавиле нови, поефикасни предатори кои ја потиснале.

Што бил нејзиниот плен и кои биле нејзините непријатели?

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Васе напиша:

    Што се 3 милиона, кога животот на планетата Земја постои 4.3 милијарди години!
    Кај се сега да ги видам (можда у Јура Парк)? П.С. Веќе повеќе години, најопасно животно на Земјата е човекот!!!

  • tlovertonet напиша:

    I absolutely love your blog and find most of your post’s to be exactly I’m looking for. Does one offer guest writers to write content available for you? I wouldn’t mind creating a post or elaborating on a lot of the subjects you write with regards to here. Again, awesome website!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *