Тој е „крал“ на хотелите за мигранти во Велика Британија и новопечен милијардер – кога ќе ја дознате неговата дневна заработка, може да ви се сврти во глава!
Грем Кинг, познат како „кралот“ на хотелите за мигранти во Британија, заработува околу 6 милиони долари на ден и може да стане милијардер преку приходите од сместување на мигранти во Велика Британија.
Кинг, поранешен сопственик на каравански паркови и дискотеки, оваа година се најде на листата на богаташи откако профитирал од сместување и транспорт на бегалци како дел од мигрантската криза во земјата. Овој 57-годишен бизнисмен од Есекс, со проценето богатство од 900 милиони долари, води компанија која минатата година остварила приход од 2 милијарди долари, за што тој наведува дека е резултат на зголемениот број бегалци.
Неговата компанија „Clearsprings Ready Homes“ се занимава со сместување мигранти во хотели, напуштени воени објекти и станови, а нејзиниот приход пораснал за 600 милиони долари за само 12 месеци. Се очекува дека Кинг ќе стане првиот британски милијардер во индустријата за миграции, со оглед на тоа што има договор со Министерството за внатрешни работи кој трае до септември 2029 година.
Државните трошоци за сместување на азиланти се зголемуваат поради недостигот од соодветни простории, и се проценува дека дневните трошоци за даночните обврзници достигнуваат до 10 милиони долари. Сепак, владата најави намалување на буџетот за „азилантски хотели“, што би можело да влијае врз бизнисот на Кинг.
Покрај тоа, компанијата „Clearsprings“ доби критики за условите на некои од своите објекти, како во 2021 година, кога две локации беа оценети како „распаднати“ и „запуштени.“ Во 2023 година, 70 лица, вклучувајќи деца, преноќија надвор во знак на протест заради несоодветните услови и малите простории во кои биле сместени.
Компанијата на Кинг првпат го привлече вниманието на јавноста кога започна да сместува азиланти во каравани и стари воени објекти, а и поради критиките од инспекторите во земјата.
Коментирај анонимно