„Тој ни ги прави животите пекол“ – Милионер кој незаконски го изградил најголемото машко дувло во Велика Британија им го отежнува животот на комшиите
Греам Вилдин (70) кој во август беше осуден на затвор поради тоа што незаконски изградил огромен комплекс, повторно ги налути своите соседи иако изгледаше дека потклекнува на притисокот.
Минатата година во Август тој бил осуден, но изгледа не му доаѓа памет. Судијата Џарман КК му рекол на Вилдин дека кога ќе излезе од затвор има 18 недели да се усогласи со првичната наредба за целосно расклопување на објектите.


Огромното дувло во Синдерфорд, Глостершир, може да се пофали со куглана, терен за сквош, кино, казино и бар. Но тој, во неколку наврати одби да ја сруши надоградбата, за која никогаш не добил дозвола за планирање. Комбиња за отстранување сега конечно се забележани пред домот на Вилдин по неговото ослободување од затвор – но локалното население не верува дека тој ќе го почитува законот.

Тие исто така го нападнаа милионерот што ја паркирал својата флота од спортски автомобили на патот за да им го „отежни“ животот. Еден рече: „Тој има неколку бели комбиња таму и мислиме дека ставал работи во нив. Тој натоварува некои предмети во нив, но тие воопшто не се поместени толку долго, ние имаме впечаток дека штом ќе дојде советот да провери дали внатрешноста на зградата е соголена – тој ќе врати сè назад“.
Соседот рече дека веруваат дека Вилдин мисли дека е „многу паметен“, но тие можат да видат сè што тој прави.
Тие додадоа: „Во меѓувреме неговите автомобили сѐ уште се таму, тој ги паркира своите спортски автомобили горе-долу по патот за да ни го отежни животот што е можно повеќе на сите нас. Тоа го прави паркирањето на нашите автомобили кошмар, особено ако имаме повеќе од еден автомобил“.



Вилдин добил наредба од судовите да го уништи комплексот во април минатата година. Наредбата по долга правна битка меѓу сметководителот и советот. Официјалните лица ветија дека ќе ја продолжат својата борба за уривање.
Но, Вилдин моментално се бори против одлуката на судијата да го затвори – што значи дека советот можеби ќе треба да го чека исходот од жалбата пред да продолжи. Тоа рочиште е закажано да се одржи во Апелациониот суд на 1 март.

Коментирај анонимно