„Тој рече: Соблечи го градникот… Имав 15 години“: Супермоделот Кејт Мос зборува за се*суалната експлоатација во модната индустрија

Како кралица на модната писта три децении, Кејт Мос обично живее по познатото неофицијално мото на кралицата: „Никогаш не се жали, никогаш не објаснувај“.

Но, во едно искрено интервју супермоделот ја открива токсичната вистина за експлоатацијата во модната индустрија и како, како млада тинејџерка, била цел на сексуални предатори.

Сега на 48-годишна возраст, таа се сеќава дека фотографите ја довеле до солзи кога ја притискале да се соблече топлес. На 15 години, самосвесната тинејџерка била принудена дури и да побегне на една сесија кога од неа било побарано да го извади градникот.

„Имав ужасно искуство за каталог за градници“, изјави таа. „Имав само 15 години и тој ми рече: „Соблечи го горниот дел“, а јас го соблеков. И тогаш бев навистина срамежлива за моето тело. Потоа тој додаде: „Соблечи го и градникот“ и почувствував дека нешто не е во ред, па си ги зедов работите и побегнав. Мислам дека ми ги изостри инстинктите. Можам да кажам што е погрешно од далеку“.

Тинејџерската Кејт, која потпишала договор со агенцијата за моделирање „Storm“ во 1988 година на 14-годишна возраст, патувала низ Лондон без придружба, завршувајќи до осум задачи за моделирање дневно. Во интервјуто таа зборуваше за снимањето во 1990 година кое ја направило позната – но признава дека повторното сеќавање останува „болно“.

Покојната фотографка Корин Деј, со која Мос често соработувала, снимила серија фотографии за магазинот „The Face“ на плажата во Камбер Сендс, Источен Сасекс, кога имала Кејт 16 години. Кејт открива дека Корин Деј ја терала да „хрчи како свиња“ затоа што така фотографиите изгледале добро. Манекенката се сеќава како „многу плачела“ за време на снимањето затоа што и било непријатно да биде „гола“, додавајќи: „Не сакав да го соблечам горниот дел“.

„Бев навистина, навистина самосвесна за моето тело и таа ми рече: „Ако не го соблечеш горниот дел, нема да те резервирам за Ел“, и јас почнував да плачам. Тоа е болно затоа што таа ми беше најдобра пријателка и навистина ја сакав – но таа беше многу незгодна личност за работа.

„Но… сликите се неверојатни, па таа го доби она што го сакаше и јас страдав за нив, но на крајот тие многу ми помогнаа навистина. Тие навистина ми ја променија кариерата“.

Мос, исто така, се сеќава на снимањето на кампања за долна облека за „Келвин Клајн“ во 1992 година со холивудскиот актер Марк Волберг, познат во тоа време како Марки Марк. Тоа беше нејзината прва голема рекламна кампања, но тогашната 17-годишна девојка морала да земе Валиум за да ја намали нејзината анксиозност, предизвикана од можноста да оди топлес.

На прашањето дали се чувствувала објективизирана за време на кампањата, Мос одговори: „Да целосно, и ранлива и исплашена. Мислам дека играа на мојата ранливост, а јас бев прилично млада и невина, па Келвин го сакаше тоа“.

Мос излезе од овие рани предизвици за да стане една од најмоќните фигури на меѓународната мода, со близок круг кој вклучува некои од најголемите светски познати личности.

И покрај тоа што е една од најфотографираните жени во светот, Мос вели дека мрази да се фотографира надвор од работното место. „Навистина сум срамежлива пред камерата. Не ми се допаѓа да ме сликаат кога не сум на работа“, вели таа.

Таа сега формираше своја агенција за модели, која на своите книги ја има нејзината 19-годишна ќерка Лила.

Мос, која неодамна го продаде својот дом во северен Лондон за да се пресели во Котсволдс, вели дека го напуштила својот „досаден“ хедонистички начин на живот и открила нова страст што може да ја сподели со нејзината мајка Линда.

„Опседната сум со градинарството“, вели таа. „Имам членство во градинарскиот центар и одам со мајка ми и најдобро се забавуваме“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *