„Тој што има Андроид значи е сиромашен“: Ги прашаа жените дали мажот може да има добар рејтинг ако има Андроид телефон

Еден дечко прашуваше случајни жени дали мажот може да добие оценка 10 ако има Андроид или тоа го менува неговиот рејтинг?

Прашањето ја отсликува долгогодишната борба меѓу корисниците на iPhone и Android, бидејќи првите веруваат дека уредот е „статусен симбол“ поради неговите сини текстуални меурчиња и различната технологија на камерата.

Многу жени рекоа дека го намалува рејтингот на потенцијалниот партнер. Сепак, една жена рече тој се уште би бил 10-ка ако ги има останатите потребни квалитети.

 

 

Иако експериментот е случаен, студијата во 2020 година покажа дека 70 отсто од над 1.500 анкетирани сингл луѓе претпочитаат да излегуваат со корисници на iPhone.

Сепак, дискриминацијата на паметните телефони функционира на двата начина – само околу половина од корисниците на Android изјавија дека би размислиле дали да се „спарат“ со корисниците на iPhone.

Но, сега дечкото по име Травјбарнет ги праша жените во реалниот свет.

„Тој е 10-ка, но има телефон со Android, која е неговата нова оцена?“, праша дечкото.

Првата жена брзо одговори со: „Тројка“.

„Тоа е ужасно“, рече друга жена.

Додека пак трета рече дека имањето Андроид е знак дека си сиромашен.

 „Дали си сиромашен?“, рече таа. „Како не можете да си дозволите iPhone?“

Една жена спомна дека фотографиите нема да бидат компатибилни.

Корисниците на iPhone долго време се жалат на сликите што ги добиваат од нивните пријатели со Android, велејќи дека се матни. Тоа се должи на различните формати на пиксели што ги користат паметните телефони – густината на Android е околу 720p или 480p, додека на iPhone е околу 1080p.

Значи за крај на 2023 можеме да заклучиме дека во светот на запознавањето и состаноците луѓето навистинаа имаат проблеми да најдат некој асален, мислам како не им е срам? Некој има Андроид и сака да излезе на состанок со цел памет?!