Тојота започнува да го гради првиот „паметен град“ во Јапонија со роботи и автоматски автомобили

Ако постоеја сомнежи во врска со фактот дека сега живееме во иднина, Тојота е тука за да ни помогне со првиот паметен град во Јапонија, полн со роботи и вештачка интелигенција.

Заедно со Вовен Планет Холдингс , Тојота на 23 Февруари, одржа свечена церемонија за „Woven City“, означувајќи го почетокот на работата на она што ќе биде „жива лабораторија“.

Лоциран покрај поранешна фабрика на Тојота во близина на планината Фуџи, градот ќе се напојува со соларни панели и електрична енергија од горивните ќелии, кои ја добиваат енергијата од реакцијата на водород и кислород.

Според  производителот на автомобили, Woven City ќе работи на воведување на нова технологија во „реална средина“ низ области вклучувајќи автоматско возење, лична мобилност, роботика и вештачка интелигенција

Градот ќе располага со три различни типа на улици испреплетени на нивото на земјата; еден посветен на автоматско возење, еден на пешаци и еден на пешаци со возила за лична подвижност. Под земја се гради и подземен пат за транспорт на стоки низ целата област.

Во градската транспортна мрежа ќе доминираат е-палетите на Тојота, автоматски возила што, наводно, ќе се користат за услуги за испорака, мобилни продавници, мобилни хотели и мобилни работни простори.

Зградите во Woven City претежно ќе бидат направени од дрво во обид да се минимизира загадувањето, додека домовите ќе користат сензор за да го проверат здравјето на резидентите.

Сензорите низ градот исто така ќе ги информираат роботите и автоматските автомобили да извршуваат секојдневни задачи како што е повторно полнење на фрижидерот и вадење на корпите со одпадоци.

Претседателот на Тојота, Акио Тојода вели:

Проектот „Woven City“ официјално започнува денес. Да се ​​преземе акција како оваа не е лесна задача. Морам да ја искажам својата најдлабока благодарност до сите што допринесоа со својата поддршка и соработка на проектот до денес.