„Толку сум организирана – веќе купив и завиткав подароци за СЛЕДНИОТ Божиќ“ – Ако ова ви е чудно чекајте да видите што коментирале луѓето

Кај нас Божиќ се уште не стигнал, но една организирана дама Тина од Америка веќе е спремна за следниот.

Таа во групата Magical Holidays of Christmas сподели слика од осум завиткани подароци, комплетирани со ознаки со имиња. На сликата има и тетратка, на предната страна пишува „Божиќни подароци 2023“.

„Некои новогодишни подароци за 2023 година купени и завиткани за да бидат организирани како што сум јас“, објасни Тина.

„Имам 6 возрасни деца и 16 внуци. Купив божиќни честитки, пар божиќни пижами, хартија за завиткување, паричници и лампиони“.

Тина додаде дека ќе продолжи да ги забележува сите подароци што ги купува и за кого се тие во текот на годината. И со тоа, таа се надева дека ќе го заврши купувањето на време

„Се надевам дека ќе завршам до крајот на ноември“, заклучи таа.

 

И додека некои инсистираа дека нивото на организација на Тина се граничи со претеризам, други се сложуваа со неа кога станува збор за планирање пред време.

„Веќе го згрижив семејството на мојот сопруг за 2023 година“, коментира едно лице на објавата.

„Веќе купив подароци за 10 возрасни. Ми требаат уште за 3 внуки, 1 внук и свекрвата“

„Ги купив сите мои за следната година завиткани и етикетирани“, додаде друг.

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *