Том Круз заработил највисока сума досега за една филмска улога, а сумата навистина е „боли глава“
Никој досега не заработил повеќе за своето појавување во еден филм отколку Том Круз за Топ Ган: Маверик.
Има смисла, со оглед на тоа дека Круз е еден од најпрепознатливите филмски ѕвезди на сите времиња, а франшизата „Top Gun“ не можеше да се врати по речиси четири децении без него.
Без Круз, нема Маверик, а без Маверик не може да има „Топ Ган: Маверик“, нели?
Според Варајети, почетната плата која Круз ја побарал за „Топ Ган: Маверик“ се движела помеѓу 12 и 14 милиони долари.
Но, вистинскиот финансиски успех на Круз се должи на неговиот договор за дел од т.н. „first-dollar gross“ од филмот, што значи дека добивал процент од вкупниот приход од кино-билетите, а не само од профитот после покривање на трошоците.
Клучот за овие огромни исплати
Клучната тактика кај ваквите огромни исплати е да се договара процент од заработката на филмот, наместо (или покрај) стандардната плата за улогата.
Ако филмот е успешен, заработката е огромна. Ако не е, тогаш ќе посакате да сте ги побарале парите однапред.
Многу други актери земале процент од заработката на филмовите во кои учествувале, но тие договори обично се однесуваат на профитот, односно актерите добиваат дел од тоа што останува откако ќе се покријат трошоците за продукција и маркетинг.
На пример, Џим Кери договорил 36,2% од заработката за својата улога во филмот „Yes Man“ од 2008 година, што значи дека неговата плата зависела од тоа дали филмот ќе оствари профит.
Од друга страна, договорот на Круз за „Топ Ган: Маверил“ значел дека, дури и ако филмот не оствари профит, тој ќе заработи значителна сума од вкупните приходи од кино-билетите, покрај своите милиони долари почетна плата.
Огромен успех
На крајот, „Топ Ган: Маверик“ заработи над 1,4 милијарди долари од кино-приходите, што значи дека Круз се проценува дека заработил над 100 милиони долари за својата улога во филмот.
Вкупно, постојат само пет филма (и шест продукции) во кои актер заработил над 100 милиони долари, а три од тие се заслуга на Том Круз.
Тој направил паметни договори за заработка од „Mission Impossible 2“ и „War of the Worlds“, па овие филмови, заедно со „Топ Ган: Маверик“, се меѓу неговите најпрофитабилни проекти.
Рекорди на други актери
Во меѓувреме, Вил Смит заработил околу 100 милиони долари за својата улога во „Men In Black 3“, додека Брус Вилис добил процент од профитот на „The Sixth Sense“, што ја зголемило неговата заработка.
Технички, Кијану Ривс го држи рекордот за најголема заработка од една продукција со 156 милиони долари но тоа не е за еден филм, бидејќи „The Matrix Reloaded“ и „The Matrix Revolutions“ се снимале заедно.
Шоубизнисот, се чини, не е лоша работа за заработка, нели?
Коментирај анонимно