Топ 5 рекламни кампањи кои довеле до непосакуван резултат, наместо успех
Некои велат дека и лошиот маркетинг е маркетинг, но дали ова правило важи во сите случаи? Секако дека не. Често лошиот маркетинг може да биде причина за уништување на еден бренд или драстично намалување на приходите. Овие 5 примери ќе ви покажат како големи брендови биле посрамотени поради навидум креативните идеи кои требале да им донесат позитивни резултати.
1. Ford go further
Компанијата Ford во 2013 година одлучила да изврши промоција на својот нов производ Ford Караван. Оваа маркетинг кампања вклучувала видеа од багажникот и од просторноста за складирање на автомобилот, но не на класичен начин како останатите конкуренти на Ford . Компанијата Ford одлучила да направи промо билборд кампања на која се прикажани три девојки киднапирани и ставени во ГОЛЕМИОТ БАГАЖНИК на автомобилот. Кампањата била неуспешна затоа што се промовирало деградирање на жените и киднапирање.
2. Adidas e-mail промоција
Во 2017 година маркетинг секторот на Adidas одлучил да го спонзорира Бостонскиот маратон. Оваа промоција вклучувала пракјање на e-mail на сите учесници и промовирање на нивниот бренд, Adidas. Оваа е-mail порака ги вклучувала новите патики на Adidas и кратка порака “Congrats, you survived the Boston Marathon!“ односно пратиле честитки за преживеаните учесници на Бостон маратонот. Оваа предизвикало голем револт, бидејќи во 2013 година 250 маратонци биле убиени во бомбандирање.
3. Компанијата Wendy и нејзините твитови
Сите поголеми фирми бараат начин како да се вклучат во online маркетингот и како да се претстават на помладите генерации. Компанијата Wendy во 2016 одлучила на детски начин да се поигра со своите твитер следбеници и да објавиле слика од “Pepe the frog”. Оваа навидум мала објава од едно жабче довела до големи проблеми бидејќи луѓето го поврзале жапчето со рацизам. Веднаш после самата објава менаџмент тимот кој раководел со твитер профилот ја избришале сликата, но штетата веќе настанала.
4. EA Sport и нивниот илегален промо материјал
Во 2016 година EA Sport команијата одлучила да направи промо кампања за својата нова игра Godfather II. Со оваа кампања со секоја купена игра купувачите добивале гратис вистински „боксирач“, кој во повеќе држави се смета за илегално оружје. Оваа кампања довела до голем бунт бидејки могу малолетници добиле ладно оружје по пошта. Маркетинг акцијата уште од првата поплака го повлекле својот промо матријал, но сепак луѓето кои веќе го добиле продуктот стапиле во судски постапки со EA Sports.
5. Полицијата на Њујорк и нивната анти-реклама
Доколку мислевте дека полицијата и државните установи неможат да направат маркетинг грешка тогаш се лажете. Во 2014 година полицијата на Њујорк одлучила да направи објави на социјалните мрежи од фотографии каде полицајците се дружат и им помагаат на луѓето, се со цел да добијат за возврат уште повеќе вакви моменти каде полицијата и цивилите се во една голема хармонија. Оваа било голема грешка бидејќи пред оваа маркетинг кампања да се случиле многу протести во Њујорк, па затоа наместо хармонични фотографии тие добиле слики од најголемите конфликти меѓу цивили и полицајци на Њујорк.