Топ 6 глупости кои успеавме да ги направиме за големиот празник Водици 2020
За жал за едниот од најголемите христијански празници стана „традиција“ да се случуваат инциденти, кои од нив трагикомични, кои едноставно срамни. Секоја година мора да има по еден: „Ова е Спарта!“ момент како и „многу верски резили“.
Понекогаш се прашуваме дали повеќе луѓе ќе се фрлаат во водите доколку наместо крстот директно го фрлаат телевизорот? Затоа ви ги претставуваме 6-те „најдобри“ моменти од Водици 2020, „Македонија едишн“.
6. Да се надеваме дека некое дете не плаче за базенчето кое беше искористено во село Габрово, Делчево
5. Во Кременица, Битола, фрлањето на крстот се изведе со стил, во базен според „европските стандарди“
4. Во Владиевци, Струмичко, освен добриот „стајлинг“ една млада душа предвреме се израдува дека го фатила крстот
3. Во Тетово освен што крстот се фрла еден ден порано организацијата кој ќе го фати е исто така однапред средена под мотото „Секој има право на телевизор“
2. Свештениците во Валандово веруваат во „трета среќа“, па затоа решија толку пати и да го фрлат крстот
1. Во Штип не е важно кој го фатил крстот, туку оној кој не го пушта