Торта на годината, ама не и мајка на годината: Жена нарачала торта со „кило кокаин“ како изненадување за роденденот на нејзиниот син
Австралиска пекарка на торти ја вознемири нејзината онлајн заедница, откако покажа торта на тема „кокаин“ – која наводно ја нарачала мајка за роденденот на нејзиниот син. Фотографија собра над 180.000 реакции на „Фејсбук“.
„Јас само ги правам тортите… не поставувам прашања“, изјави пекарката Скај Бејли (36) за контроверзната нарачка.
Според неа, во продавницата се појавила мистериозна жена и ѝ подала слика од торта, како што сакала да изгледа нејзината нарачка.
„Итно и требаше торта“, рече Бејли опишувајќи ја необичната средба. „Таа рече „не ме осудувај“, па веќе знаеше дека тоа е контроверзна торта“.
Пекарката рече дека првично рекла „не“ на проблематичното барање – со оглед на тоа што мистериозната жена ја сакала тортата со името на нејзиниот син Блејк.
Сепак, таа и нејзиниот колега на крајот се согласиле да ја направат тортата. Дуото почнало да работи на печење на гигантската торта, за која наводно биле потребни шест часа за да се направи – два само за печењето.
Готовиот производ, кој наводно опслужува меѓу 40 и 50 луѓе, е украсен со вештачки кокаин до огледало со три „линии“ од шеќерна глазура.
Тортата е инспирирана од филмот „Лице со лузна“, па затоа на тортата има и имитација на готовина и банкарска картичка направена од фондан и пишува „Среќен 30-ти роденден Блејк“.
Засега, приказната зад тортата со кокаин останува нејасна, иако на Бејли на крајот целата работа ѝ била „некако смешна“.
„Имав некои прилично чудни барања низ годините, така што за мене тоа не беше ништо премногу лудо“, рече таа.
Многу корисници на социјалните мрежи, од друга страна, мислеа дека ја преминале „линијата“.
„Лоша торта. Како можеш да го направиш ова?“ искоментира еден следбеник: „Како излечен зависник не знам кој всушност би го сакал ова“.
Во меѓувреме, други критичари ги пофалија пекарот и колегата, нарекувајќи ја тортата „брилијантна“ и „неверојатно добро направена“. Некои обожаватели дури побараа таа да го направи истото за нив на шега.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Od bolno do pobolno….i ovie dojdoa kultura da ni prodavaat i vospituvanje na deca….jebi ga, borci za covekovi prava, dobar izraz nasle, samo kogo budala pravat????
Коментирај анонимно