Товарен брод со 3000 возила тоне во Северното Море, откако електричен автомобил предизвикал пожар. Има најмалку еден загинат и десетици повредени членови на екипажот!
Најмалку еден член на екипажот загина, а други се повредени откако пожар избувна на брод тежок 18.500 тони. Спасувачките хеликоптери и чамци евакуираа 23 членови на екипажот од бродот регистриран во Панама.
Официјални лица рекоа дека има „многу“ ранети. Некои се здобиле со скршеници на коски, изгореници и проблеми со дишењето и биле пренесени во болниците во северна Холандија, соопштија службите за итни случаи.
Седум членови на екипажот скокнале од бродот и биле спасени од водата, додека останатите биле префрлени со хеликоптер. Холандската телевизија НОС објави дека целата екипа биле Индијци.
Попладнево, било забележано дека брод гори надвор од контрола, во Северното Море и веднаш потоа спасувачки бродови работеле напорно за да го спасат бродот од потонување, во близина на едно од најважните живеалишта на птиците преселници во светот.
„Во моментов има многу пловни објекти на терен за да се следи ситуацијата и да се види како да се стави пожарот под контрола“, изјави портпаролката на крајбрежната стража Леа Верстиг за „Асошиетед прес” во телефонско интервју.
„Но, сето тоа зависи од временските услови и штетата на бродот, така што во моментов работиме како можеме да се осигураме дека… ќе се случи најмалку лоша ситуација“.
Кога ја прашале дали е можно бродот да потоне, г-ѓа Верстиг рекла: „Тоа е сценарио што го земаме предвид и се подготвуваме за сите сценарија“.
Целиот екипаж беше евакуиран во блиското холандско пристаниште Лауверсог, откако не успеа да се изгасне пожарот на огромниот брод кој пловел за Египет.
Официјалните лица додадоа дека траектот „Фремантел” сè уште гори, а службите за итни случаи се присутни во близина на запалениот брод.
Од Ротердам биле повикани специјализирани пожарникари кои со хеликоптер би биле пренесени до бродот. Но, пожарот се развил толку брзо што веќе не било безбедно да се носат на бродот.
Товарниот брод превезувал 2.857 автомобили од Бремен, Германија до Порт Саид, Египет, од кои 25 биле електрични автомобили. Токму еден од електричните автомобили бил причината за пожарот.
„Во моментов има многу пловни објекти на терен за да ја следат ситуацијата и да видат како да се стави пожарот под контрола“, рече портпаролката на крајбрежната стража Леа Верстиг.
Властите во Германија исто така се во состојба на целосна подготвеност, јави германската новинска агенција „dpa”.
Dobra reklama za elektrichnite avtomobili.
Коментирај анонимно