„Toyota Corola“ од 1993 година на доставувач од Нов Зеланд достигнала неверојатни 2 милиони километри! „Таа не планира да застане, ова е најдобриот автомобил на светот“, вели нејзиниот сопственик
„Тојота Корола“ од 1993 година поминала повеќе од два милиони километри – и автомобилот сè уште работи ефикасно до ден-денес.
Грем Хебли (72) забележал дека ја постигнал значајната ознака во март оваа година и верува дека неговиот автомобил најверојатно ќе работи „засекогаш“ со брзината со која движи.
Тој го купил работното возило во 2000 година, кога Корола имала само 80.000 километри на километражата.
Г-дин Хебли, кој работи како доставувач на весници од 1968 година, ја акумулира километражата брзо преку својата работа. Тој вози од Велингтон до Њу Плимут на Северниот остров во земјата и се враќа шест дена во неделата на работа.
Потребни се четири часа и 45 минути за да се направи тоа патување во еден правец.
Неговата „Toyota Corolla“, која сè уште ги има оригиналниот мотор и менувачот, минува речиси 5.000 километри секоја работна недела.
За да има сè под контрола, г-дин Хебли го сервисира својот автомобил во „Гатрис авто нега“ во Вангануи на секои две недели. Механичарот Џон Шерман го потврди рекордот по долгогодишно сервисирање на оваа „Corolla“.
„Да не работев на тоа, немаше да верувам. Не би верувал дека може да направи два милиони без нешто да тргне наопаку“, изјави тој за „New Zealand Herald“.
Тој тврдеше дека никогаш не видел ништо блиску до растојанието што го поминала „Королата“, потсетувајќи дека најблиску бил автомобил кој поминал 700.000 километри.
„Но ништо вакво. Во целата моја кариера, тоа се највисоките бројки што сум го видел“, рече тој.
Г-дин Хебли сè уште ги прави своите долги патувања низ Северниот остров во Нов Зеланд секоја недела, велејќи дека не планира да престане да вози наскоро.
„Како можеш да не го сакаш овој автомобил? Што и да правите, тој само си работи“, рече тој.
Коментирај анонимно