Трамп ја претстави „златната картичка“ за брзо добивање американска виза – Само плаќаш 1 Милон долари и стануваш Американец
Доналд Трамп, претседателот на САД, го започна новиот систем за брзо добивање на американска виза – „златна картичка“ – достапна само за најбогатите странци кои можат да платат најмалку еден милион долари. Оваа картичка на заинтересираните им нуди „директен пат до државјанство за сите квалификувани и проверени лица. Толку возбудливо! Нашите големи американски компании конечно ќе можат да ги задржат нивните непроценливи таленти“, објави Трамп во среда на социјалните мрежи.
Содржина:
- Условите за добивање на „златната картичка“: најмалку еден милион долари и „значителна корист“ за Америка
- Сајтот на Трамп Златна Картичка ветува: „Отклучете си го животот во Америка“ – но цената предизвика бури и негодувања
- Златната картичка доаѓа додека трае масовна депортација и поостри мерки кон мигрантите
Условите за добивање на „златната картичка“: најмалку еден милион долари и „значителна корист“ за Америка
Така наречената Трамп Златна Картичка, која беше најавена уште во почетокот на годината, им овозможува на кандидатите што можат да докажат дека ќе донесат „значителна корист“ за земјата, да добијат американска виза во рекордно брзо време. Службениот сајт за оваа програма вели дека цената служи како доказ дека поединецот „значително ќе придонесе за САД“. За фирмите што сакаат да донесат странски работници, таксата е два милиони долари. Понудата наскоро ќе биде надополнета со „платинеста“ верзија со посебни даночни поволности по цена од пет милиони долари. Подносителите на барање мора да платат и неповратна такса од 15.000 долари.
Сајтот на Трамп Златна Картичка ветува: „Отклучете си го животот во Америка“ – но цената предизвика бури и негодувања
На официјалниот веб-сајт доминира слика од златната картичка со ликот на Трамп и слоганот „Трамп Златната Картичка Конечно е Тука!“ За најновата имиграциска шема се вели дека на богатите им обезбедува пат до државјанство со рекордно кратко чекање. Демократите ја критикуваат идејата уште од февруари, оценувајќи дека таа ги фаворизира само најбогатите, за разлика од класичните „зелени карти“ кои ги добиваат различни слоеви на имигранти. “Луѓето што можат да платат пет милиони долари, тие ќе отворат работни места”, тврди Трамп. “Ова ќе се продава како лудо. Тоа е зделка!”
Златната картичка доаѓа додека трае масовна депортација и поостри мерки кон мигрантите
Додека богатите можат да купат брзо државјанство, администрацијата на Трамп засили депортации и го засили имиграцискиот надзор. За лицата од 19 земји, најчесто од Африка и Блискиот Исток кои се дел од забраната за патување, Американската влада воопшто паузираше примање апликации. Сите одобрени случаи за добивање азил во времето на претходниот претседател Бајден ќе бидат повторно прегледани. Во септември, Трамп потпиша указ за надомест од 100.000 долари за апликанти за H-1B виза, што предизвика паника кај странски студенти и IT-компании, а Белата Куќа дополнително појасни дека оваа такса важи само за новите апликанти кои се надвор од земјата.

Коментирај анонимно