Трамп нареди повторно отворање и проширување на затворот Алкатраз, за во иднина таму да ги сместува „отпадоците од општеството“

Доналд Трамп најави планови за повторно отворање и проширување на поранешниот затвор Алкатраз, со цел справување со насилни криминалци и нелегални мигранти. Во објава на „Truth Social“, тој вети дека обновениот затвор ќе биде „симбол на закон, ред и правда“ и ќе ги згрижува „најсуровите криминалци во Америка“.

 

Трамп нареди повторно отворање и проширување на затворот Алкатраз, за во иднина таму да ги сместува „отпадоците од општеството“

Историја и причини за затворање на Алкатраз

Според Трамп, Федералното биро за затвори, заедно со Министерството за правда, ФБИ и Одделот за внатрешна безбедност, ќе работат на изградба на „значително проширена верзија“ на Алкатраз. Тој сугерира дека новиот затвор ќе им овозможи да ги заобиколат судските пречки при депортирање и притворање на мигранти и членови на банди, дел од кои би можеле да бидат испратени и во проширениот притворски центар во Гвантанамо, Куба.

Алкатраз, познат по затворањето на гангстерот Ал Капоне, беше затворен во 1963 година поради високите трошоци – трипати повисоки од просекот на федералните затвори. Поради локацијата на остров, сите добра и вода мораа да се доставуваат со бродови, што значително ја зголемувало цената на функционирање.

 

Историја и причини за затворање на Алкатраз

Строги услови и обиди за бегство

Историски, затворот бил познат по строгите услови и бројни обиди за бегство, вклучувајќи го и познатиот случај во 1962 година кога три затвореници исчезнаа откако се извлекле низ вентилациски систем и се впуштиле во студените води околу островот – никогаш не беа пронајдени.

 

Строги услови и обиди за бегство

Иако денес Алкатраз функционира како музеј и историски локалитет со повеќе од 1,5 милиони посетители годишно, планот на Трамп би значел целосна трансформација на локацијата во активен затвор. Според портпарол на Федералното биро за затвори, агенцијата ќе ги испочитува сите претседателски наредби.

  • Васе напиша:

    Кога го имаат, з’ш да не го искористат (шо би рекле охриѓани)!
    Од туристи фајде нема. Башка има одлична репутација. Наводно (на-Водно) избегале 2-3 комада!?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *