Трамп сподели „бомба“ од теорија: Џо Бајден починал во 2020 година и оттогаш е заменет со клон или робот

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно предизвика контроверзии откако на социјалната мрежа Truth Social сподели објава во која тврди дека Џо Бајден починал во 2020 година и дека оттогаш е заменет со „клонирана” верзија или робот. Објавата, напишана од корисникот llijh, наведува: „Не постои #JoeBiden – егзекутиран е во 2020. Тоа што го гледате се клони, двојници и роботски изработени бездушни суштества“.

Трамп не додаде личен коментар, туку едноставно ја „ретвитна” објавата, што доведе до експлозија на реакции на социјалните мрежи. Некои корисници тврдеа дека „секогаш знаеле дека нешто не е во ред“, додека други ја исмеваа теоријата, споредувајќи ја со други познати заговори како теориите на QAnon или лажната теорија дека Земјата е рамна.

 

Трамп сподели „бомба“ од теорија: Џо Бајден починал во 2020 година и оттогаш е заменет со клон или робот

Други теории на заговор во коишто Трамп верува

Ова не е првпат Трамп да поддржи вакви заговори. Во текот на неговиот прв мандат, тој ги промовираше теориите за фалсификувани избори, за вмешаноста на таткото на Тед Круз во убиството на Кенеди, како и лажната теорија дека Барак Обама не е роден во САД.

Иако дел од јавноста ги отфрли ваквите тврдења како апсурдни, други ги искористија за да поттикнат уште повеќе сомнежи за здравствената состојба на Бајден. Минатиот месец, по објавата дека боледува од агресивен рак на простата, повторно се појавија прашања за неговата ментална способност, особено по спорната телевизиска дебата со Трамп.

Други теории на заговор во коишто Трамп верува

Во јули 2024, Бајден се повлече од трката за реизбор, а неговата заменичка Камала Харис не успеа да победи на изборите, при што Трамп се врати во Белата куќа.

  • strumica напиша:

    motika e…. trump ne e poranesen tuku e sega nego pusti taa rabota vratejte ponedelnicko tradicionalno budenje,domakinkite so prale i tn

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *