Трансродовата одбојкарка продолжува да руши рекорди во колеџ лигата, иако седум тимови одбија да играат поради неа
Блер Флеминг, трансродовата одбојкарска ѕвезда од државниот универзитет Сан Хозе, продолжува да ги руши личните рекорди, и покрај тоа што е вклучен(a) во тековна тужба против NCAA.
Во саботниот пораз од Сан Диего Стејт, Флеминг го постигна својот 250-ти поен оваа сезона – значајно достигнување во одбојката. Ова е вторпат Флеминг, како напаѓач, да достигне толкав број на поени, откако првпат го постигна тоа во 2022, во неговата односно „нејзината“ прва сезона со тимот на Спартанците.
Оваа сезона, неговото достигнување е уште повпечатливо бидејќи седум од натпреварите на Сан Хозе Стејт беа откажани од други тимови поради учеството на Флеминг, кој е биолошки маж.
Тужбата, водена од група играчи против NCAA, има цел да забрани трансродови спортисти од женските спортови на колеџите. NCAA бара трансродовите спортисти да поднесат документација, вклучувајќи и нивоа на тестостерон, пред да одлучат за нивната дозвола за играње.
Со тоа што Флеминг игра без ограничувања за Спартанците, таа и Сан Хозе Стејт се во целосна усогласеност со правилата на NCAA.
Но, тоа не ги спречи другите училишта да заземат став, при што шест натпревари во конференциските натпреварувања беа откажани. Секој натпревар е важен за позиционирањето во лигата, а свесното откажување носи значителни последици за тимовите.
Дури и една од соиграчките на Флеминг во тимот, Брук Слусер, се противи на нејзиното учество и е една од играчите кои ја тужат NCAA.
Драмата околу Флеминг веројатно ќе трае до крајот на сезоната, бидејќи патот води кон Турнирот на конференцијата Маунтин Вест.
Спартанците имаат големи шанси да се соочат со тим на конференцискиот турнир кој претходно се откажал од игра против нив, ставајќи ги противниците во ситуација или да ја променат својата претходна одлука или да го завршат својот настап за да избегнат да играат против Флеминг.
Тужбата против NCAA е во тек и се очекува да нема конечна одлука до крајот на одбојкарската сезона. Спартанците оваа година треба да играат 19 натпревари во регуларната сезона. Во 2022, одиграа 28 натпревари, без ниту еден откажан.
Коментирај анонимно