Треба некој да мисли и на нив! Вработени во зоолошка градина се одлучија на тежок чекор за да ги спасат животните

„Рајскиот парк“ во Хејл е дом на пингвини, папагали, фламинго, црвени панди, а сега ги поздравува и новите жители Сара-Џејн, Изи и Емили. Три хумани вработени кои одлучија да се оддалечат од своите семејства и да бидат заедно со животните.

Чуварите практикуваат самоизолација за да помогнат во спречувањето на ширење на коронавирусот, а откако паркот за животински свет ги затвори своите врати од јавноста минатиот викенд, персоналот реши да се пресели тука за да помогне во грижата за 1.200 птици и цицачи кои живеат таму.

Иако тие ќе ги напуштат своите семејства во период од три месеци сепак не им е досадно затоа што велат дека животните секој ден им го исполнуваат распоредот. Ова е прв пат паркот да се затвори и тие не знаат кога повторно ќе можат да отворат.