„Требаше да се мажам, но дознав дека мојот вереник има ДЕТЕ со мојата мајка!“

Една жена била принудена да ја откаже свршувачката откако дознала дека нејзиниот млад брат е всушност дете на нејзиниот вереник со нејзината мајка.

24-годишната девојка со скршено срце била со мажот од нејзините соништа осум години. Таа знаела дека нејзиниот вереник секогаш се сложувал добро со нејзината мајка, а таа и мајка ѝ биле блиски цел живот.

 

 

 

Таа напиша на „Редит“: „Јас и мојот вереник сме заедно од 17 и 18 години. Искрено, тој секогаш беше љубезен, убав, смешен и сите велеа дека имам среќа што го имам целиот пакет.
И јас се чувствував толку среќна. Тој секогаш се однесуваше со мене со љубов и почит, така што поради ова целата ситуација ми стана уште пошокантна. Отсекогаш сум имала добар однос со мајка ми. Отсекогаш бевме таа и јас против светот“.

И покрај тоа колку се блиски, жената била изненадена кога дознала дека нејзината мајка, 42-годишна во тоа време, била бремена со дете од маж што не го познавала. Сепак, таа ветила дека ќе ја поддржи нејзината мајка без разлика на се и набргу потоа се родил нејзиниот брат.

„Имам блиски односи со брат ми, помагав да се грижам за него уште од неговото раѓање и едноставно го сакам малото момче“, додаде таа, тврдејќи дека нејзиниот вереник, исто така, се поврзал со детето, па дури и го зел да го чува некое време.

 

My little brother (3M) is actually my fiance’s (25M) kid
byu/ThrowRA_notcool1 inTrueOffMyChest

 

„Ништо не беше чудно – тој беше само моето тогашно момче кое поминуваше време со брат ми и мене“.

Дури неодамна таа ја дознала вистината за време на гледање на „Нетфликс“.

„Во одреден момент за време на гледање серија на „Нетфликс“, мојот лаптоп се исклучи и бев премногу мрзелива да одам да го земам мојот полнач, па само го зедов „iPad“ на мојот вереник. Ја знам лозинката, но искрено никогаш порано не ја користев. Се најавив и стигнаа еден куп пораки. Како и да е, ова ми го привлече вниманието и отидов да проверам во сандачето“.

Жената пронашла пораки меѓу нејзиниот вереник и нејзината мајка во која пишувале дека и двајцата се чувствуваат „виновни“, при што нејзината мајка сакала да и ја каже вистината на нејзината ќерка, додека нејзиниот вереник не сакал да ризикува да ја изгуби откривајќи што се случило.

„Таа рече дека е неправедно за мојот брат никогаш да не го познава татко си. Се скршив“.

„Очигледно, пред неколку години додека патував со едни пријатели, мојот вереник и мајка ми вечерале заедно. Некако (нејасно како, бидејќи не можеше добро да го објасни) едното довело до друго и на крајот спиеле заедно. Тие се чувствувале виновни, но очигледно не доволно, затоа што спиеле заедно уште два или три пати, користејќи го изговорот да се сретнат за да разговараат како да ми кажат. Очигледно, кога мајка ми забременила, тие престанале да спијат заедно и решиле да не ми кажат. ”

Жената ја откажала свршувачката, но допрва треба да се соочи со нејзината мајка.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

  • Филип напиша:

    “Секогаш кога мојот сопруг ги соблекуваше патиките после тренинг, забележував дека левата чорапа му е со дупка на глуждот. Тоа се повторуваше неколку месеци, секој ден.
    Од почетокот не обрнував некое посебно внимание на овој детаљ, но еден ден веќе не можев да издржам, и му реков дека редно време е да ги смени чорапите. “

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *