Трет ден од карантинот во Киргистан: Постарите луѓе се потсетија на една забавна игра од детството

Играта се вика Љанга. Љанга се прави од парче метал во форма на поголема петлица, со две дупки, низ кои со жица се врзуваат подолги влакна од коза или од некое друго животно, за да може поубаво да лета (погледнете ја сликата под видеото). Киргистан се граничи со Кина, од каде што потекнува и играта.