Три еднократни концепти на Alfa Romeo од 1950-тите се продаваат на аукција за 20 милиони долари

Ако сте обожавател на Алфа Ромео со резервни неколку милиони долари тогаш ова е вашиот среќен ден. Три легендарни автомобили Alfa Romeo B.A.T Concept, првпат претставени во 1953 година, се ставени на продажба на претстојната аукција и се очекува да достигнат цена од 20 милиони долари.

Концептите БАТ (Берлинета Аеродинамика Техника) се создадени во соработка со италијанскиот дизајнер Бертоне, а трите возила се произведени помеѓу 1953 и 1955 година. Автомобилите биле презентирани во последователни години во автосалонот во Торино и скоро веднаш станале обележја на автомобилската историја.

Ревијалните автомобили се создадени од италијанскиот дизајнер Франко Скаглионе, човекот одговорен за бројни други иконски возила, вклучувајќи ја и Alfa Romeo 33 Stradale и раниот прототип на Lamborghini 350 GTV.

Скаглионе помина две децении дизајнирајќи возила за производителите ширум светот, но токму неговите концепти Alfa Romeo B.A.T му помогнаа да се зацврсти не само неговата репутација, туку и идејата за италијанската автомобилска индустрија по Втората светска војна, како најнапредна во дизајните на тоа време.

Бидејќи биле продадени индивидуално, концептите B.A.T конечно биле обединети во 1989 година кога ги купил сегашниот сопственик, кој ги обновил возилата и ги прикажувал индивидуално на разни изложби низ децениите. Сега, триото – кое сè уште изгледа неверојатно футуристичко и по скоро 70 години од своето деби – се продаваат за прв пат на аукција сите заедно.