Трикини – нов тренд на плажите ова лето!

Летото е на прагот, но нашето одење на плажа е сè уште неизвесно, како резултат на карантинските мерки поврзани со коронавирусот. Сепак, модните дизајнери се надеваат на најдоброто и развиваат нови модели на костими за капење.

Италијанската дизајнерка Тицијана Скарамуцо, сопственичка на малата занаетчиска работилница Elexa Beachware, сместена во Сенигалија, започна да произведува трикини. Трикините се всушност бикини, со додаден трет дел, маска за лице.

Комплетите станаа многу популарни откако Тицијана на социјалните мрежи објави фотографии од нејзината ќерка во неа.

Производството започна во идеално време за Италија, која минатата недела започна да ги олеснува карантинските ограничувања.